По невообичаено топлите ноемвриски денови, студен воздушен бран донесе пад на температурите. Метеоролозите најавуваат можност за прв снег на високите планини, додека во градовите засега се очекува претежно дожд.
Студен бран од север ќе донесе нагло заладување во Македонија денес, најавува метеорологот Славчо Попоски во објава на Фејсбук. Според неговата прогноза, температурите во однос на вчера ќе се намалат за 10 до 15 степени, а локално и повеќе.
Наглото заладување веќе донесе снег во планинските делови на Србија и Хрватска, а на повеќе патни правци утрово, 14 ноември, се пријавуваат зимски услови, влажни и лизгави коловози, магла и опасност од голомразица.
Најраното ненадејно стратосферско затоплување во запишаната историја е забележано над Арктикот оваа недела, со колапс на поларниот вртлог. Климатските симулации укажуваат на можен постуден и поснежен декември во Европа, но сегашните прогнози сè уште не го потврдуваат ова.
Македонија постепено се подготвува за зимски временски услови, а според дел од долгорочните метеоролошки прогнози, првите снежни врнежи би можеле да пристигнат кон крајот на ноември. По периодот на невообичаено топло време, веќе од сабота, 14 ноември, се очекува заладување, ...
Поларниот вртлог над Арктикот се наруши порано од кога било досега во историјата на мерењата, што може да донесе продори на студен воздух во делови од северната хемисфера. Но, истовремено е присутен и силен феномен Ел Нињо, кој обично придонесува за повисоки температури.
Балканот денеска се најде во необична временска слика – утрински температури што на места повеќе прилегаат на доцна пролет, силен јужен ветер, а само неколку часа подоцна пристигнување на постуден воздух, дожд и можност за снег на повисоките делови од регионот.
Во 7 часот во Струмица биле измерени 19,1 степен, во Скопје-Петровец 18,6, во Виница 18,3, а во Штип 18 степени. Од утре УХМР најавува навлегување на постудена воздушна маса од север, поради што температурите ќе бидат во опаѓање, најизразено во северните делови на земјата.