ПОЖАРОТ ЌЕ СТИВНЕ, НО ПРОБЛЕМИТЕ СО ДРВОКРАТСТВОТО ПРОДОЛЖУВААТ Додека пожарникарите, припадниците на службите и граѓаните со денови се борат со огнената стихија кај Селце, во близина на пожарот се фатени тројца дрвокрадци.
Делумно под контрола е ставен големиот пожар во Лакавичкиот регион меѓу селата Пухче и Селце во општина Штип. Останува да се изгасни уште еден крак, кој оди кон селото Селце на планината Серта информира денеска командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов.
гаснењето на пожарот во Лакавичкиот Регион во општина Штип се вклучуваат и ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и два хеликоптери на МВР и на АРМ, најави во вонредната изјава од лице место директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Опасноста од пожари на отворен простор и натаму е висока, а само во текот на вчерашниот ден биле регистрирани најмалку 26 пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека големиот број пожари претставува сериозен товар за ...