Ние зборуваме за јавниот долг и за одржливоста на јавниот долг, но многу малку во ова општество зборуваме за приходната страна на буџетот. Основните приходи кои што треба всушност да го хранат буџетот. Ние имаме учество на даночните приходи од 18%. Европскиот просек е на 26%.
Кога говориме за новиот буџет и за она што веќе е проектирано, имаме една ситуација во која што тој износ, односно износот на дефицитот да биде еднаков со износот на капитални инвестиции. Во овој момент тоа е на некој начин напуштено.