ДУИ бара оставка од Костадиновски откако политичкиот спор околу „Safe City“ за само еден ден се претвори во јазичен фронт, по одлуката на Уставниот суд на 11 март да ги отфрли иницијативите против системот „Безбеден град“ и по изјавите на ...
Партиите на Албанците остро реагираа на изјавата на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски. Според него, СМС-пораките за прекршоци треба да бидат само на македонски и англиски јазик, но не и на албански.
Демократската унија за интеграција оценува дека последните изјави на претседателот на Уставниот суд не се изолиран инцидент, туку директна последица на политичката клима што е создадена во државата, велат од ДУИ.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на изјавите на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поврзани со проектот „Safe City“, оценувајќи ги како скандалозни и неприфатливи.