Во Кочани денеска се одржува нов протестен марш. Почетокот е во 17:05 часот од Паркот на Револуцијата. Организаторите велат дека нема да се откажат сè додека вистината не излезе на видело и нема да дозволат да бидат замолчени.
Нов протестен марш за ангелите е закажан за попладнево во 17 часот и 5 минути во Кочани. Маршот ќе тргне од Паркот на револуцијата, под ново мото и порака – „педесет пати на улица и во судница, со истата болка, истите прашања и барање за вистина одговорност и правда“.