Цените на нафтата утринава паднаа втор ден по ред, тргувајќи се близу до најниските нивоа во последните три месеци. Ова се случи во услови на знаци за зголемување на понудата и потенцијален вишок на пазарот, иако ризиците за транспортот преку Ормускиот теснец и понатаму постојат.
И покрај падот на цената на суровата нафта, недостигот на рафиниран дизел продолжува да создава притисок врз транспортот и трошоците. Падот на светските цени на суровата нафта не значи дека пазарот на горива се враќа во нормала.
Цените на нафтата на светските берзи паднаа на најниското ниво во последните три месеци, под влијание на зголемените испораки од Блискиот Исток, очекувањата за дипломатско решение на конфликтот со Иран и процените за можен вишок на сурова нафта на светскиот пазар.