Не ни требаат нови ветувања и погреби, бараме одговорност. Ваква заедничка порака испратија родителите на загинатите во пожарот во дивата дискотека „Пулс“ во Кочани, на уште еден заеднички „Марш за ангелите“ организиран низ кочанските улици и пред тамошните институции.
Вечерва во Кочани родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ го одржуваат 51-от Марш за ангелите. Драги Стојанов, родител на починато момче од пред Основниот суд праша каде се родителите да маршираат со нив и да им дадат поддршка.
„Докога ќе ги броиме жртвите, а ќе ги чекаме одговорните?“ – праша Валентина Христовска, мајка на починатиот Павел, обраќајќи им се на присутните на денешниот марш пред полицијата. Таа порача дека семејствата повторно маршираат со истата болка и барање за вистина, одговорност и ...