TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

(Видео) Судот нареди психијатриска проценка на таткото на Меган Маркл во случај поврзан со детска порнографија

Макфакс - пред: 2 часа

Федерален суд во Флорида нареди психијатриска проценка за Томас Маркл, таткото на Меган Маркл, британската војвотка од Сасекс. Целта на оваа проценка е да се утврди дали тој е ментално способен да се соочи со обвиненијата за поседување детска порнографија.

МРАЧНО ПИСМО ГО ПРОГОНУВА ТАТКОТО НА МЕГАН МАРКЛ Екс-сопругата уште во 2019 година го предупредила Скотланд Јард

+инфо - 08.11.2026

Уште во 2019 година, поранешната сопруга на Томас Маркл ја предупредила британската полиција за неговото наводно однесување кон малолетни девојчиња. Писмото стигнало до Меган и принцот Хари, но не и до американските и другите странски истражни органи.

Испливаа стари обвинувања за таткото на Меган Маркл: Бившата сопруга откри што ѝ зборувал за девојчиња од 12 години

Вечер Прес - 08.11.2026

Британскиот таблоид „Сан“ пишува дека во 2019 година, поранешната сопруга на Томас Маркл, татко на Меган Маркл, разговарала со него за врски со малолетници. Томас Маркл, таткото на војвотката од Сасекс, беше уапсен вчера во Флорида под обвинение за поседување материјал за ...

Филипинската полиција му се извини на полубратот на Меган Маркл по апсењето на нивниот татко

Таратур - 08.11.2026

Филипинската полиција, според извештаите, му се извинила на полубратот на Меган Маркл, Томас Маркл Помладиот, откако го означила како „лице од интерес“ во кривичната истрага против неговиот татко, 82-годишниот Томас Маркл Постариот.

Таткото на Меган Маркл приведен на Флорида по истрага за спорни материјали во негов магацин

Таратур - 07.11.2026

Томас Маркл (82), таткото на Меган Маркл, бил приведен на Флорида, каде што се рехабилитира по ампутацијата на ногата извршена во декември минатата година. Според „Дејли мејл“, приведувањето следувало по опсежна истрага за спорни материјали пронајдени во негов магацин во Мексико.

ГО ИСФРЛИЛЕ ОД ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО ФЛОРИДА Истрагата за таткото на Меган Маркл се прошири на неколку земји

+инфо - пред: 22 часа

Според британски „Сан“, Томас Маркл бил исфрлен од домот за нега на лица со деменција во Лејкленд, Флорида, каде што требаше да се врати откако судот му одобри пуштање на слобода со кауција и домашен притвор Томас Маркл, таткото на Меган Маркл, не се вратил во домот за стари ...