Во првото полугодие од учебната 2025/2026 година, вкупно 35 деца кои речиси постојано се лекуваат во болница успеале да бидат вклучени во наставата, информираше министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
„Секогаш ќе има деца што ќе се соочуваат со здравствени предизвици и ниту едно не смее да биде изолирано од настава. Со ова решение исправивме една голема неправда од минатото и спречуваме еден облик на дискриминација да се провлекува во иднина“, ...
Со конференција што денеска ја организираа МОН и Здружението САНО беше означен крајот на првото полугодие за децата кои наставата ја следеа онлајн затоа што се во болница или на подолго домашно лекување.