Голем скандал ја потресе Србија, откако беа уапсени уште седум полициски службеници поради сомневања за вмешаност во смртта на Далибор Драгијевиќ, кој почина во полициски притвор за време на истрагата за исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ.
Нови потресни детали за смртта на Далибор Драгијевиќ, кој почина во полициската станица во Бор во април 2024 година, изнесе неговиот татко Радослав Драгијевиќ во интервју за српската телевизија Н1. Неговото сведоштво доаѓа откако на 6 ноември годинава беа уапсени осум припадници ...