Хидролошката карта на Македонија денеска е поделена на две зони. Додека западниот и централниот дел на државата се означени со зелена боја, што значи стабилизација на водостоите, источниот и североисточниот регион се наоѓаат под „жолт хидроаларм“.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто ниво на предупредување поради потенцијална опасност од поплави и апелира на претпазливо движење покрај реките и суводолиците, пред сè на оние во југоисточните, источните и североисточните ...
Неколкудневните врнежи што ја зафатија Македонија предизвика свлечишта на неколку локации низ државата. Земјата останува да биде под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот.