Фудбалерите на Башкими во одлично расположение го пречекуваат составот на Скопје, со амбиција да ја продолжат победничката низа и уште повеќе да се оддалечат од опасната зона на табелата. Избраниците на тренерот Муарем Муарем фатија силен ритам во вистински момент.
Попладне (13 ч) во меч од 15.коло, на стадионот на Башкими во Куманово, истоимениот тим го пречекува составот на Скопје. Јасно е дека ова и тоа како ќе биде возбудлив и интересен меч во битката за опстанок. И двете екипи се во опасната зона на табелата и секој бод, секоја победа ...
Фудбалерите на Скопје во минатото коло стигнаа до првата победа во Првата лига, па сега осоколени од успехот сакаат да продолжат во ист стил и на денешното гостување во Куманово и дуелот со Башкими. Со евентуален позитивен резултат, избраниците на Иван Варадиновски ќе испратат ...
