Во пресрет на 28 Ноември, Денот на албанското знаме, на повеќе фејсбук-страници почнаа да се споделуваат видеоснимки на кои се гледаат колони возила со развеани албански знамиња низ улиците и булеварите во Скопје.
Министерот нагласи дека МВР нема да дозволи нарушување на јавниот ред и мир, ниту загрозување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, потсетувајќи на инцидентите што се случувале за време на претходни прослави.
По изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека полицијата нема да дозволи инциденти и нарушување на јавниот ред и мир за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме, МВР одржа работен состанок на кој беа разгледани безбедносните мерки за празникот.