На прашањето за одговорност за резултатите од изборите, Филипче рече дека „и за пораз и за победа никогаш не е на еден одговорноста, секогаш е колективна“, додавајќи дека имало општини каде што СДСМ имало добри резултати.
Оставките без суштина не се решение, само одложување на неизбежното, а тоа е потребата од целосна промена во врвот на партијата, на чело со Филипче, вели Валентин Манасиевски од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонските граѓани направија вистински избор, во локалните самоуправи избраа трудољубиви и чесни лица кои посветено ќе работат за подобрување на животот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа не е вистинскиот избор само кој да ги води општините, туку тоа е ...