Наместо непотребно натрупување облека што на крајот ретко ја носиме, сосема е доволно во гардероберот да имаме неколку практични парчиња кои лесно се вклопуваат во различни модни комбинации. Кога станува збор за добра зимска гардероба, три клучни парчиња се издвојуваат како ...
Зимските јакни за сезоната 2026/27 ги спојуваат практичноста, впечатливите силуети и деталите што ѝ даваат посебен изглед и на наједноставната комбинација. Оваа зима не мора да се избира меѓу топлината и стилот — од јакната се очекува да ги понуди и двете.
Чоколадно кафеавата се очекува да биде попопуларна и од црната, особено за чизми и чанти, додека темно портокаловата која потсетува на тиква е популарна уште есенва. Во студените месеци обично им даваме предност на темните нијанси, особено црната.
Има денови кога пред гардероберот стоиме подолго од вообичаено, а сепак ни се чини дека немаме што да облечеме. Особено во зима, кога сакаме да ни биде топло, но истовремено да изгледаме средено и модерно. Затоа, понекогаш најдобро решение се проверени комбинации со парчиња што ...
Трендовите доаѓаат и си заминуваат; кроевите, боите и модните диктати се менуваат, но едно парче облека останува ненадминато. Добриот капут е повеќе од обична заштита од студот – тој е симбол на стил, софистицираност и добар вкус што никогаш не излегува од мода.
Бермудите можат да најдат место и во зимската гардероба , иако ретко се првото парче по кое посегнуваме кога ќе дојде време за потопла облека. Освен што изгледаат шик, можат да бидат и практични, бидејќи лесно се вклопуваат во различни стилови — од лежерни дневни комбинации до ...
Џемперите со кратки ракави на прв поглед можеби не изгледаат како типично зимско парче, но токму тоа ги прави поинакви. Сезонава се издвојуваат како свежа алтернатива на класичните зимски џемпери, во комбинации што ги спојуваат удобноста, практичноста и елеганцијата.
Модните писти за сезоната 2026/27 покажаа дека дури и најобичниот капут може да изгледа сосема поинаку со еден детал што повеќето жени веќе го имаат во својот плакар. Станува збор за голем, мек шал, кој оваа зима ја има главната улога во модните комбинации.
Сосема едноставно... Не мора секогаш да купуваме нова облека, со неколку мали промени, старата гардероба може да добие сосема нов изглед. Белата кошула не мора секогаш да ја носите со истите панталони, ниту омилениот џемпер секогаш со фармерки.