Македонските граѓани се на дното во европски рамки според проектиран БДП по глава на жител. Подобри од нас се Србија, Албанија, Црна Гора – ние сме на 41-то место – изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за економската состојба во земјата, обвинувајќи го дека ги толкува економските показатели поединечно и дека со своите настапи шири паника меѓу граѓаните.
„Се работи на одржување и подобрување на економските показатели и покрај меѓународните кризи и покрај наследените проблеми. Затоа, кога Филипче нешто не знае подобро нека молчи“ – порачува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Соопштение за јавност на СДСМ: Македонија е рангирана на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот БДП по жител за 2026 година. На врвот на листата се Лихтенштајн, Луксембург и Ирска. Според проекциите на ММФ, БДП по жител во Македонија ќе изнесува 11.762 долари.