Во Кочани вчера се одржа 36. Марш на ангелите, а на истиот родителите на загинатите во пожарот во т.н. дискотека “Пулс“, повторно прашаа зошто се уште нема обвинение за полициските службеници кои се опфатени со втората истрага за случајот.
Родителите и блиските на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска со протестен „Марш за ангелите“ 36. по ред, уште еднаш побараа целосно расветлување на трагичниот пожар.
Под силен емотивен притисок и со порака дека трпението на граѓаните е при крај, во Кочани се одржа протестниот „Марш на ангелите“. Собирот е директен одговор на молчењето на институциите по трагедијата која однесе 63 животи, а за која истрагата сè ...