Секој што сака да пости, без разлика дали пости првпат или со години, нека побара личен благослов и насока од својот свештеник за тоа како да пости, земајќи ги предвид здравјето, работните обврски и другите животни околности.
Верниците денес го започнуваат божиќниот пост 🕯️✝️ Денес, на 28 ноември, започнува 40-дневниот Божиќен пост како подготовка за Рождеството Христово, а црковниот календар го бележи и празникот на светите маченици Гуриј, Самон и Авив.
Божиќниот пост 2026 започнува во сабота, 28 ноември, и трае 40 дена, завршувајќи на Божиќ, среда, 6 јануари 2027 година. Верниците на Македонската православна црква се подготвуваат за Божиќ со овој пост, кој ќе се слави во четврток, 7 јануари 2027 година.
Основата врз која се појавил Божикниот пост бил постот спроти празникот Богојавление, кој во Црквата се празнува од III век, а во IV век бил поделен на празниците Рождество Христово и Крштение Господово. Божикниот пост започнува на 15/28 ноември и трае до 25 декември/7 јануари, ...