Кравите кои слободно шетаат и уништуваат имот во Крива Паланка одат под надлежност на државата. Агенцијата за храна и ветеринарство, полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување и уште неколку други институции се дел од акцискиот план за решение на проблемот со говедата.
Според градоначалникот на Крива Паланка, со владините заклучоци се потврдуваат аргументите на Општината и на граѓаните кои, како што вели, биле изнесувани во изминатите две и пол години, а за кои досега имало молк и несогласувања „Останувам внимателен и на дневна основа ќе ги ...
Општина Крива Паланка, ја поздравува информацијата за вчерашната одлука на Владата, со која се утврдуваат конкретните задолженија на надлежните државни институции за решавање на долгогодишниот проблем со говедата на територијата на општината.
Во сабота, 28 ноември 2026 година, во 11:00 часот, на магистралниот пат кај Градечки мост, (спроти Градскиот парк ), во Крива Паланка, ќе се одржи вториот мирен граѓански протест со барање за итно и трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот.