Естетиката ноар одамна е присутна во модата и убавината, а сезонава добива особено интересно издание на ноктите. Во прв план се црната боја, длабоките бордо нијанси, ненаметливиот метален сјај и ситните украси што му даваат на маникирот префинет изглед со доза мистериозност.
Црната боја повторно владее во светот на убавината, но овој пат нема ништо заедничко со бунтовниот стил на тинејџерките. Напротив, станува збор за еден од најсофистицираните трендови на сезоната, кој веќе ги освои најпознатите жени во светот.
Оваа сезона, нијансата на слива доаѓа во прв план како елегантна и впечатлива алтернатива на бордо или класичниот црвен маникир. Иако бордо и класичната црвена боја долго време беа првиот избор за постудените месеци, сега се соочуваат со сериозна конкуренција.
Маникирот „мов алмонд“ е меѓу најпосакуваните избори оваа сезона. Пригушената мов-нијанса, која годинава е особено популарна, ги спојува пудрестата розова, виолетовата и нежните кафеави тонови. Во комбинација со бадемастата форма на ноктите, се добива елегантен маникир за секој ...