Кошаркарите на Денвер Нагетс полека влегуваат во посакуваниот ритам во НБА лигата, а потврда за тоа се петте победи на последните шест натпревари. Клубот од Колорадо се уште покажува одредени слабости, ама пронаоѓа начин да слави и тој е важно во овој дел од сезоната.
Кошаркарите на Денвер Нагетс ги победија Чикаго Булс со 151:145 по продолжението, во спектакуларен натпревар. Никола Јокиќ повторно се истакна со 37 поени, 18 скока и 11 асистенции, додека Џамал Мареј одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната, го заврши со дури 45 поени.
Неделната НБА програма со седум натпревари понуди неверојатни контрасти, од офанзивен огномет со речиси 300 поени во Чикаго до старомодна дефанзивна битка во Сан Франциско каде победникот се решаваше со видео-прегледи и шут со сирената.