Откако изминативе десеттина години пушењето прилично се „олабави“ и воедно ретко каде може да најдете локал што не е задимен и стои знакот со пречкртана цигара, сега е скроен нов закон за заштита од пушење.
Нов закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана во сите затворени јавни простори, ограничување на електронски цигари и ароматизирани тутунски производи, како и целосно скривање на цигарите во маркетите.
Македонија е на чекор до донесување на најрестриктивниот закон за заштита од пушење досега, со кој радикално ќе се промени односот кон тутунските и никотинските производи и нивната употреба во јавниот простор.
Македонија е на прагот на донесување на најригорозниот закон за заштита од пушење досега. Според нацрт-верзијата до која дојде Телевизија Телма, се подготвува „радикален пресврт“ кој драстично ќе го промени секојдневието на пушачите, угостителите и ...