Граѓаните од следната недела ќе можат преку мобилна апликација да проверат дали имаат евидентиран сообраќаен прекршок, каде е сторен прекршокот и да извршат увид во доказите, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
По странците, онлајн ќе можат да си проверат дали направиле прекршок и Македонците. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави дека апликацијата ќе почне да функционира следната недела. „Тоа е истата апликација која што е веќе функционална за странците.
Полициските службеници до крајот на 2026. година треба да добијат нови униформи, а Министерството за внатрешни работи најавува и повисоки плати, нов колективен договор, повеќе возила и построги проверки на професионалниот интегритет.
Системот „Safe City“ ќе добие нови функционалности и ќе се проширува низ Македонија, а во полициските возила ќе бидат поставени паметни камери со радари за автоматско регистрирање сообраќајни прекршоци. Целосната имплементација на проектот е планирана до средината на 2027 ...