Ирена Ѓорѓиеска, мајка на девојката Сара, која што вчера беше брутално претепана во Охрид, во објава на својот Фејсбук-профил тврди дека нејзината ќерка сè уште е хоспитализирана и дека по настанот поради кој се здобила со повреди живее во страв за сопствената безбедност.
„Моето дете се бори да заздрави, но наместо мир и сигурност, живее со страв и неизвесност“. Со овие зборови мајката на Сара, девојката која беше тешко повредена во Охрид, се обрати во јавноста и побара целосно расчистување на случајот.