Мицкоски и неговата влада свесно го штитат Груевски и му даваат време да побегне во трета држава, велат од СДСМ СДСМ обвинува дека министерот за правда од ЗНАМ, Игор Филков, ги држи „во фиока“ документите за екстрадиција на Груевски.
Собирањето на сите потребни документи за екстрадиција на поранешниот премиер на Северна Македонија Никола Груевски е во завршна фаза. Ова го тврди Кривичниот суд во Скопјe, каде што против него сè уште се во тек судски постапки.
Од СДСМ преку соопштение прашуваат дали Владата предводена од Христијан Мицкоски има поднесено барање за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски или, како што велат, документите се заглавени во институциите.