Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и ограничувања за возилата, откако беа отстранети проблемите предизвикани од снегот, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во попладневниот извештај.
Повеќе села во земјава останаа без струја, како последица на снежните врнежи, информира денеска Центарот за управување со кризи. Во информацијата која се однесуваше на состојба до 13,30 часот, се вели дека најсложена е ситуацијата во Гостиварск и во Тетовски.
Центарот за управување со кризи излезе со информација за состојбата со врнежите од дожд и снег и проодноста на патиштата до 13:30 часот Тетовски регион РЦУК – Тетово известува дека сите магистрални и регионални патни правци се проодни.
По врнежите од дожд и снег што ја зафатија Македонија, надлежните институции се во постојана координација за справување со евентуалните последици од временските непогоди. Во соопштението на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се наведува дека Оперативниот центар 112 е во ...