По фемицидот во Богданци, граѓаните за 48 часа собраа повеќе од 10.000 потписи за мерка што Собранието веќе двапати ја одби. Шпанија ги користи електронските нараквици 17 години, а нејзиното искуство покажува и колку можат да помогнат и каде се нивните ограничувања.
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк Убиството на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци повторно го отвори прашањето за институционалната заштита од насилство врз жените и девојките, одговорноста на надлежните служби и потребата од поефикасни механизми за спречување на фемицидите.
Организаторите на протестот бараат одговорност и санкции за сите пропусти, потоа итно поднесување и усвојување на законските измени за заштита од насилство, враќање на родот и родовата еднаквост во законите и образованието.
Таа ја обвини и полицијата, која, како што вели, исто така знаела за насилникот кој бил повеќе пати пријавуван, но откако бил уапсен таа вели дека кратко потоа повторно бил пуштен на слобода. На денешниот протест против фемицидот и насилството врз жените, во потресна изјава, ...