Во рамки на 51. издание на Млад отворен театар (МОТ), денеска, 21 ноември, публиката ја очекува уште една фестивалска вечер исполнета со современи театарски и музички содржини. На програмата се две претстави од регионалната театарска сцена, како и концертот на косовско – ...
Вечерва, во рамки на 51. издание на Млад отворен театар – МОТ, публиката ќе има можност да проследи две театарски продукции од регионот, кои преку различни сценски јазици отвораат прашања за општеството, слободата, моќта, идентитетот и видливоста на женскиот глас.
Со претставата „Кратки приказни“ на Театар „Антон Подбевшек“ од Словенија на 18 ноември, со почеток во 20 часот, во салата „25 Мај“ на Младинскиот културен центар, свечено ќе биде отворено 51. издание на МОТ – Млад отворен театар.