Вистинска фудбалска драма се одигра во Бергамо, каде што Аталанта и Интер ремизираа со неверојатни 4-4 во дербито од 12. коло во Серија А. Гостите од Милано двапати имаа предност од два гола, но домашниот тим не се предаде и со погодок во судиското продолжение се избори за бод.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стрелец на дербито со Интер и успеа да ја намали негативата на Аталанта на 1-2. „Дијамантот“ погоди во 35-тата минута на асистенција на Залевски, откако пртетходно гостите од Милано обезбедија предност од два гола.
Аталанта – Интер 4:4 е исходот од спектакуларниот меч во рамките на 12.коло во Серија А. Убава вест за нас е тоа што и Елиф Елмас беше стрелец во голеадата во Бергамо и тоа со убав гол за намалување на водството на гостите за 1:2 и тоа во 35.минути.