Доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тогаш сум спремен да свикам лидерска средба, да договориме термин и повторно да ги победиме СДСМ на избори, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во гостување на ТВ Сител .
Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва изјави дека доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тие во секое време се подготвени да излезат на избори и да победат.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вели дека Владата има мандат од граѓаните за 4 години, но доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тогаш е спремен да свика лидерска средба, да договори термин и повторно да ги победи СДСМ.