Оптимизацијата на училишната мрежа и воведувањето едносменска настава имаат цел да го подобрат квалитетот на образованието, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на пратенички прашања од Димитар Ковачевски од СДСМ.
Пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски, постави пратеничко прашање до министерката за образование и наука, Весна Јаневска, за ефектите од оптимизацијата на училишната мрежа, затворањето и спојувањето на паралелките, како и прераспределбата на наставниот кадар.
Наместо да се фокусираме на квалитетот на образованието, од одредени студентски организации постојано и единствено добивам барања за социјални услуги и тоа ме загрижува. Во Собранието сè уште стојат законите за високо образование, за научноистражувачка дејност и за квалитет во ...