Над 200.000 граѓани досега ги користеле бесплатните безжични интернет-конекции воспоставени во рамките на проектот WiFi4WB, кој опфатил 64 општини во земјата. Завршниот настан на иницијативата, поддржана од Европската Унија и Германија, ќе се одржи утре во Јуроп хаус во Скопје.
Проектот WiFi4WB, преку кој беше обезбеден бесплатен јавен безжичен интернет во 64 општини во Македонија, ќе биде заокружен со завршен настан во вторник, 10 ноември 2026 година, во 10:00 часот во Јуроп Хаус Скопје.