Предвремени парламентарни избори нема да има, бидејќи во следните две години Македонија треба да обезбеди пет милијарди евра за враќање и рефинансирање на долговите, а шестмесечна техничка влада во тој период би била неодговорен потег.
Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон државата, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите. Тој посочи дека уште се враќаат долгови направени за време на минатата власт и дека ова не е момент за нови, предвремени избори.
Премиерот Христијан Мицкоски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ смета дека во моментот е неодговорно кон државата да се организираат предвремени парламентарни избори иако, како што вели, ако се гледа од политички аспект на неговата партија, тоа ѝ одговара.