Деветнаесет оператори со храна пуштале во промет небезбедна храна во објекти во близина на основните и средните училишта, кај 30 биле забележани лоши хигиенски услови, а 26 работеле без да бидат регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство ...
Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена.
Акцент со контролите беше ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата (основни и средни) од каде учениците најчесто купуваат храна, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.