Државниот завод за ревизија изврши ревизија на информациски системи како ревизија на успешност на темата „Мој Термин” со цел да се даде одговор на прашањето „Дали системот ‘Мој Термин’ придонел за оптимизација на здравствените процеси и подобрување на квалитетот на здравствените ...
„Мој Термин“ без континуирано одржување речиси 38% од времето, со сериозни ризици за управувањето и безбедноста, утврди државниот ревизор. Со ревизијата се утврдени и слабости во ИТ-безбедноста, заштитата на личните и медицинските податоци и обезбедувањето континуитет и ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на информациски системи како ревизија на успешност на тема „Мој Термин – оптимизација на здравствените процеси и подобрување на квалитетот на здравствената заштита”.
Од 1 јануари 2021 година до 30 април годинава, системот „Мој Термин“ не бил покриен со договори за одржување вкупно 738 дена, што претставува 37,9 отсто од анализираниот период. Договорите за одржување се склучувале на годишно ниво, без обезбедување на континуитет.