На 31 мај 2019 година фирмата Еверест ЏД на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, добива концесија за изградба на мала хидроелектрана на Бачишка Река. Концесијата е објавена во Службен весник .
На вчерашното обраќање на Дрин Ахмети по повод купувањето на трговскиот центар „Соравија“ тој се обиде да го исполитизира целиот случај. Внукот на Али Ахмети се врати во воената 2001 година и залугите што ги има чичко му за Македонија.
Вториот внук на Али Ахмети, односно братот на Дрин Ахмети, пред само три месеци, со стаж од десет месеци е именуван за прв секретар во македонската амбасада во Брисел, обвинува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драги Ковачки.
Од другата страна е австриски милијардер.. ако некој има сила да тргува со влијание кај австриски милијардер, тогаш е велемајстор, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу за продажбата на ТЦ „Соравија“ во центарот на Скопје на внукот на Али Ахмети ...
Партнер на внукот на Али Ахмети е Владимир Пјетерѓокај, а неговата компанијата „ПЕ-ВЛА-КУ“ добива атрактивни државни тендери за изградба на патишта. Тие беа дел од фирмите кои ја градеа обиколницата во Тирана во вредност од 100 милиони евра.
Слободен Печат - Фактор - Сакам да кажам - ТВ21 - Скопје инфо - Фактор
Aко сакаме Македонија да напредуваме кон Европска Унија тогаш борбата со корупција треба да биде на прво место. Затоа што никој не сака да седи со корумпирани политичари на маса, кажа Драган Ковачки член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување ...
Новите сопственици на „Соравиа Инвест ДООЕЛ“ и „Соравиа Менаџмент’“ ДООЕЛ, во чија сопственост е бизнис центарот „Соравиа“, на денешната прес-конференција не открија колку чини зделката, но кажаа дека центарот должи 20 милиони евра.
Али Ахмети како личен имот пријавил куќа од 254 метри квадратни во кичевското село Зајас, а куќата е проценета на 100.000 долари, за која не дал податок како ја стекнал. Еден од политичарите со најдолг стаж на власт, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нема ...
Прес-конференција на Дрин Ахмети, извршен директор на „Thor Industries“, Владимир Пјетерѓокај, сопственик на „PE-VLA-KU SH.P.K.“ и Хано Соравија, основач на „Soravia Group ...
Еден од политичарите со најдолг стаж на власт, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, чиј внук деновиве е топ тема во јавноста со купувањето на Соравија и фирмата за ископ на варовник, нема промена во анкетниот лист уште од претходниот мандат.