Разликите во платите во Македонија се огромни. Додека вработените во компјутерското програмирање заработуваат во просек над 110.000 денари месечно, работниците во обезбедувањето и сродните дејности примаат нешто повеќе од 28.000 денари.
Премиерот Мицкоски на седницата за пратенички прашања говореше за економските показатели и бројки, споредени со резултатите во минатото, како и споредени со актуелните резултати на другите држави од регионот. Рече познати работи што ги повторува постојано.
Две минимални плати во Македонија во моментов носат вкупно 52.092 денари. Тоа е помалку и од владината пресметка на просечната потрошувачка кошничка од 59.149 денари, а уште подалеку од Синдикалната минимална кошничка, која за ноември достигна 70.827 денари.
Може ли едно семејство во Македонија да живее со една просечна плата или денешните трошоци бараат двајцата родители да бидат вработени? Последните официјални податоци покажуваат дека просечната нето-плата достигнала 49.141 денар, но кога од тој износ треба да се платат храната, ...
