Стивен Спилберг ќе го режира вестернот „Срцето во зима“ (англ. The Heart in Winter), адаптација на истоимениот роман на Кевин Бери од 2024 година, а во главните улоги ќе се најдат Килијан Марфи, Џеси Бакли и Марк Рајланс.
Оскаровците Килијан Марфи и Џеси Бакли ќе глумат во нов вестерн што ќе го режира Стивен Спилберг. Филмот ќе биде снимен според романот „The Heart in Winter“ на ирскиот писател Кевин Бери, а сценариото го адаптира режисерот и сценарист Пол Томас Андерсон.