TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пелистер и Охирд сигурно до нови победи во ракометната Суперлига

Слободен Печат - пред: 15 часа

Ракометарите на Охрид и Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи во десеттото коло од домашното првенство. Охриѓани на свој терен славеа против Младост со 24-20, додека битолчани беа подобри од Тиквеш со 37-26.

Еурофарм Пелистер лесно го надигра Тиквеш, девет гола на Петар Атанасијевиќ

Спорт+ - пред: 17 часа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа убедлива победа над ГРК Тиквеш со конечен резултат 37-26 во десеттото коло од македонската Суперлига. Битолскиот состав успешно се рехабилитираше по поразот во вечното дерби со Вардар пред домашната публика во салата „Боро Чурлевски“.

Еурофарм Пелистер им се врати на победите со рутинско издание против Тиквеш

Дерби - пред: 17 часа

Поразот од Вардар мораше што побрзо да биде заборавен и архивиран од играчите на Еурофарм Пелистер, а избраниците на Лино Червар го направија токму тоа во следниот домашен предизвик, оној против Тиквеш кој се одигра вечерва.

Без изненадување во Битола: ГРК Тиквеш само лесен тренинг за Пелистер

SportSport - пред: 17 часа

Пелистер им се врати на победите во Супер-лигата. После убедливиот пораз во вечното дерби, битолчани на домашен терен славеа против ГРК Тиквеш со 37-26. Ова беше осма победа за избраниците на Лино Червар, имаат еден пораз и реми.

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи

Шеталиште - пред: 14 часа

Фаворитската улога во десеттото коло од домашното првенство, ја оправда екипата на Е.Пелистер кои го победија ГРК Тиквеш со 37-26 на домашен терен, најпрезицен беше младиот, Петар Атанасијевиќ со девет гола,додека кај кавадарчани, Тоше Ончев постигна осум погодоци, а голманот ...

Супер-лигата продолжува со два натпревари!

SportSport - пред: 22 часа

По паузата поради репрезентативните настапи, денеска продолжуваат натпреварите во Супер-лигата. Во рамките на 10. коло, за петок се закажани два натпревари. Пелистер на домашен терен ќе го пречека ГРК Тиквеш (17:30 часот).

Еурофарм Пелистер и Охрид вечерва го отвораат 10.коло во ракометната Супер лига

Спорт+ - пред: 23 часа

Десеттото коло во македонската машка ракометна Супер лига започнува вечерва со два натпревари во Битола и во Охрид. Ракометарите на Еурофарм Пелистер и на Охрид имаат јасна фаворитска улога пред својата публика во битката за нови првенствени бодови.