За в недела попладне (9 август) е зголемен ризикот од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок Fire Weather Index (FWI), што означува метеоролошки индекс за опасност од појава на пожари, информира Центарот за управување со кризи(ЦУК).
Со порастот на дневните температури, значително се зголемува и опасноста од појава на пожари на отворен простор, покажуваат податоците од Системот за шумски пожари, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али.
Според податоците од Системот за шумски пожари – МКФФИС, денеска во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI (Fire Weather Index), информира директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али.