Невреме со силен ветер и дожд вечерва зафати повеќе општини во државата предизвикувајќи проблеми во сообраќајот и во извршување на вообичаените активности на граѓаните. Паднати дрвја и бандери, оштетени електрични кабли го попречуваа движењето, а надлежните повикуваат на ...
Силното невреме што го зафати Делчево предизвика материјални штети на повеќе локации, при што најсериозно е оштетен кров на објект, чија санација е во тек. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на последиците.
Невремето што го зафати Струмичкиот регион предизвика повеќе штети, поради што пожарникарите-спасители интервенираа на неколку локации, соопшти Територијалната противпожарна единица Струмица. Според информациите, екипите интервенирале при пожар во штала во селото Висока Маала, ...
Силно невреме проследено со интензивен дожд, ветер и ситен град попладнево предизвика штети на повеќе локации во Куманово, при што се урнати дрвја и делови од лимени конструкции, а надлежните служби интервенираат на терен.