Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи Шкендија Тетово со 1-0 на дербито на 13.коло во Првата лига, а херој на стружани беше Христијан Малески. Напаѓачот постигна фантастичен гол со кој Струга ТЛ се искачи на првата позиција на ...
Се играше 73.минута на дуелот меѓу двете најдобри екипи во моментов во Македонија, кога Малески уште еднаш покажа зошто е репрезентативец, зошто е класа играч, зошто е веројатно најдобриот домашен центарфор во моментов во ПМФЛ.