„Мицкоски и Славески не само што ја внесоа Алта банка во Македонија и во банкарскиот сектор во Македонија. Дополнително на Мацура му дадоа да го купи осигурителното друштво ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра. Сега се молчи што носи тоа за граѓаните што имаат полиси таму.
„Мицкоски вели ќе ја спаси Алта банка. Зошто да ја спасува ако сè е во ред? Трајко Славески изјави дека сè е во ред. Веќе следниот ден воведе принудна управа. Во Србија Народната банка изјави дека сè е во ред, па истата вечер ја одзеде дозволата. Банката отиде во стечај.
СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.