Нови милиони евра за решавање на стари проблеми. Владата допрва ќе распишува тендер за компанија која ќе расчистува свлечишта на патот Кичево-Охрид. Ова е најновиот изговор на власта, зошто и по 10 години, автопатот Кичево-Охрид не е изграден.
Свлечиштата што се појавија на трасата на автопатот Кичево-Охрид ќе го пробијат и овој рок на завршување. Свлечишта има на вкупно 13 локации, што според министерот за транспорт, Благој Бочварски се проблем од проектантски и и технички аспект.
– Проблемите во изведбата на трасата на автопатот Охрид – Кичево се од проектантски и технички аспект. Државата и наредниот период ќе продолжи да работи на трасата, со решавање на косините и свлечиштата, надминивање на спорните точки и ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и Министерството за транспорт и врски денеска организираат посета на трасата на автопатот во изградба Кичево – Охрид. Целта е, како што информира ЈПДП, јавноста детално да се запознае со тековните ...