Apple учествувал со 57% од испораките на смартфони на американскиот пазар во третиот квартал, според податоците на Counterpoint Research. Тоа претставува раст од седум процентни поени во однос на истиот период претходната година, кога уделот на компанијата изнесувал 50%.
Повеќето големи производители ги намалуваат планираните испораки на телефони за 2027 година поради растот на цените на меморијата, додека еден бренд останува на првичната цел Пазарот на телефони би можел да влезе во 2027 година со значително помали амбиции од првично очекуваните.
Речиси сите големи компании од мобилната индустрија ги преиспитуваат плановите за следната година, а некои наводно предвидуваат и до 30 отсто помалку испорачани уреди. Причина се повисоките цени на меморијата и неизвесноста околу побарувачката.