Сведочењата за полициската акција во Кочани го отвораат прашањето кој ја планирал операцијата, што им било соопштено на службениците од Пробиштип и дали некој однапред ги проценил ризиците во објектот во кој загинаа 63 лица.
Сведокот на одбраната, Драган Василевски, во исказот на денешното рочиште од судскиот процес што се води против 13 полицајци во врска со „Пулс“, пред судот ијави дека на полициските инспектори од Пробиштип не им било наложено да носат униформа, не биле предупредени за посебни ...
Судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува да отвора нови прашања за начинот на кој била организирана полициската акција во ноќта кога избувнал пожарот, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.