TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?

МакФудбал - пред: 19 часа

Ѓоко Хаџиевски е главен фаворит за нов тренер на Локомотив Софија, објавува бугарскиот весник „Тема Спорт“. Искусниот македонски стратег се очекува денеска да пристигне на завршни преговори, по што би требало да потпише договор и официјално да биде претставен како нов шеф на ...

Хаџиевски пред враќање во бугарскиот фудбал

Слободен Печат - пред: 20 часа

Ѓоко Хаџиевски би можел повторно да седне на клупата на бугарски клуб. Искусниот македонски тренер е главен кандидат за нов стратег на Локомотив Софија, откако клубот ја прекина соработката со досегашниот тренер Љубослав Пенев.

Поранешниот македонски селектор на завршни преговори во Софија

SportSport - пред: 19 часа

Ѓоко Хаџиевски е главен фаворит за нов тренер на Локомотив Софија, пренесува „Тема Спорт“. Поранешниот тренер на ЦСКА Софија и Спартак Варна денеска се очекува да пристигне во клубот од населбата „Надежда“ на завршни преговори, по кои би требало да потпише договор и официјално ...

Хаџиевски пред кам-бек кај источните соседи, ќе преземе поранешен бугарски шампион

Дерби - пред: 19 часа

Искусниот македонски стручњак, Ѓоко Хаџиевски е на добар пат да добие нов ангажман во Бугарија. Хаџиевски добро го познава фудбалот кај нашите источни соседи, последниот клуб кој го водеше и во кој имаше добри резултати беше Спартак Варна со кого се раздели во месец јули.