Две вести објавени речиси истовремено, вчера, отвораат две сосема различни европски слики. За Македонија, најновите проекции на Обединетите нации повторно го отвораат прашањето колку луѓе ќе останат во земјата до крајот на векот.
Откако Полска влезе во Европската Унија во 2004 година, стотици илјади нејзини граѓани заминаа на запад, а Велика Британија беше најпосакуваната дестинација, но денес трендот е целосно променет и сè повеќе Полјаци се враќаат во татковината.