Првичните резултати му даваат предност на актуелниот градоначалник Чијанг Ван-ан. На Тајван се гласаше во 22 града и окрузи. Актуелниот градоначалник на Тајпеј, Чијанг Ван-ан од опозициската партија Куоминтанг, води во првичното пребројување на гласовите на локалните избори.
Гласачите во Тајван денес излегуваат на гласачките места за локалните избори, додека Кина распореди воени авиони околу островот, објави британската агенција Ројтерс. Изборната кампања се фокусираше на прашања како што се транспортот и животната средина.
Десетици илјади луѓе се собраа на завршните предизборни митинзи во Тајван, во пресрет на локалните избори што ќе се одржат во сабота. Истовремено, тајванското Министерство за одбрана регистрираше нови активности на кинеската воена авијација во близина на островот.
Гласачките места се отворија во 8 часот по локално време. Околу 19,6 милиони граѓани имаат право на глас на локалните избори, а на одделен референдум се решава за политиката на островот кон нуклеарната енергија.