Наводната употреба на звучно оружје, случајот со зградата на Генералштабот, уривањето на настрешницата... Сето тоа отвора прашање за можна кривична одговорност на Вучиќ. Тој тврди дека нема основа за кривично гонење.
Адвокатот Боривоје Боровиќ и новинарот на неделникот „Радар“, Вук Цвијиќ, остро реагираа на изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на телевизијата „Пинк“ тврдеше дека „Студентската листа“ му се заканува преку припадници на „Врачарскиот клан“.